Двајца велешани завршија во болница откако скокнале од возот и се повредиле.
Четириесет ичетиригодишниот и дваесет иедногододишниот велешанец во вторникот околу 6.30 часот отишле на железничката станица во Велес за да го фатат возот за Гевгелија. Но наместо во возот кој сообраќал Скопје – Гевгелија, тие се качиле во возот кој одел од Гевгелија кон Скопје.
На околу 150 метри од Велес сфатиле дека го згрешиле возот и скокнале. Поради тешките повреди со коишто се здобиле пренесени се на скопскиот клинички центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


