| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов вчера не го отвори скопскиот маратон, имал обврски

Долгогодишната практика во која таткото на градот е оној кој го отвора скопскиот маратон на стартната линија, беше прекината вчера. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчера не се појави на отворањето на годинешниот скопски маратон кој го собори рекордот за најголем број на учесници со над 10 000 натпреварувачи.

Како што информираа за „Република“ од градот, Шилегов имал други обврски, па затоа не бил присутен на отворањето. Од одделот за односи со јавност на Град Скопје, не прецизираа дали се работи за работни или приватни обврски, но со оглед на тоа што вчера немаше некој друг настан во огранизација на Град Скопје, а станува збор за недела, веројатно не станува збор за работен ангажман.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчера им ги додели наградите на најдобрите на маратонот. Да подели дел од наградите присутен беше и директорот на АМС, Дарко Каевски кој заедно со Шилегов присутствуваше на прес конференцијата на која беше најавен годинешниот скопски маратон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top