Кога во Сирија во 2011. година почнала војната, Ал Контар работел како менаџер во Обединетите Арапски Емирати и го одбил повикот на сириските власти да се врати и да и се придружи на војската.
Сириецот Хасан Ал Контар, кој со години избегнувал враќање во својата земја зафатена од војна, речиси 60 дена е “заробен” на аеродромот во Куала Лумпур, откако властите во Малезија го ставиле на црна листа поради истечената виза. Молбата на волонтери од Канада да му се овозможи престој во таа земја му е, вели, единствената преостаната шанса, пишува “Euronews”. 36-годишниот Ал Контар на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур е заглавен од 7. март, што потсетува на животната ситуација на главниот лик од филмот “Терминал” со Том Хенкс, кој со години живеел на аеродром.
Кога во Сирија во 2011. година започнала војната, Ал Контар работел како менаџер во Обединетите Арапски Емирати и го одбил повикот на сириските власти да се врати и да и се придружи на војската. Тој наредните шест години се криел во ОАЕ, а кога бил пронајден и уапсен, одлучил да оди во Малезија.
По неуспешните обиди да добие постојана виза во таа земја или да замине во друга, се нашол заглавен на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Имено, властите на Малезија го ставиле на црната листа во наредните пет години, затоа што останал во земјата откако му истекла визата. Детали од секојдневниот живот објавува на својот профил на Твитер.
“Дневната рутина е иста, ништо не е променето”, вели тој. За Контар постои една надеж: група волонтери во Канада одлучиле да го извлечат од Малезија, пренесува “RTS”. Групата собирала пари и поднела неопходни документи за привремен престој и дозвола која би му овозможила легално патување во Канада.
Неговата молба била пратена минатата седмица, а се што сега може да направи – е да чека. Тој исто така побарал од своите пријатели на Твитер да апелираат до канадскиот министер за имиграција, за да се заангажира на неговиот случај. “Ако ја изгубам таа надеж, не знам што да правам. Не сакам да размислувам за можноста дека тоа ќе се случи, бидејќи тоа ќе ме скрши”, напишал Ал Контар на Твитер.
infocentar.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


