Обилните дождови и силната бура направиле голема штета во турскиот главен град Анкара, посебно во предградието Мамак. Надојдената вода таму однела повеќе од стотина автомобили. Во поплавите биле повредени неколку луѓе, а бројни продавници биле поплавени.
На некои снимки може да се види како водата на повеќе места однела и делови од патишта.
Жителите и локалните власти почнале со расчистување на теренот. Градоначалникот на Анкара, Мустафа Туна, рекол дека ваква катастрофа се случува „еднаш во 500 години”.
Метеоролошкиот институт во Анкара за претстојните денови најавил продолжување на обилните врнежи и ново силно невреме кое би можело да предизвика поплави и во Истанбул и Измир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)