| четврток, 6 декември 2018 |

Европол заплени триесет тони кокаин, хероин и марихуана

drogaТриесет тони кокаин, хероин и марихуана во вредност од 822 милиони долари беа запленети во меѓународна полициска операција, соопшти Европол.

Операцијата на Европол била насочена против трговијата со дрога и оружје преку море, во која биле вклучени криминални групи во Централна Америка и Карибите.
Во операцијата се уапсени 142 лица, запленети се 15 бродови, 42 паричиња огнено оружје и околу 170 илјади долари.
Операцијата е спроведена во 34 држави и територии во Европа, Северна Америка, Централна Америка, Јужна Америка и Карибите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top