| четврток, 6 декември 2018 |

Што има во породилната торба на Кејт Мидлтон?

Во породилната торба која Кејт Мидлтон ќе ја понесе со себе има цеде со релаксирачка музика, ароматични свеќи, играчки од нејзините две постари деца и привезок што го смета за талисман, објави британскиот магазин „ОК!“.

Британија е во исчекување на раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Како што пишува магазинот, наводно,  Кејт со себе во болницата понела и фотографија од бабата на нејзиниот сопруг, Кралицата Елизабета Втора, како и фотографии од своите родители.

Принцот Вилијам и Кејт ги имаат децата Џорџ и Шарлот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top