| четврток, 6 декември 2018 |

Голем подвиг на лекарите, отстраниле тумор тежок 60 килогами!

Тим од хирурзи отстраниле тумор на јајници тежок скоро 60 килограми на една 37-годишна пациентка од Конетикат.

Пациентката, која сакала да остане анонимна, навела дека туморот почнал да расте во ноември минатата година и дека тој неделно се зголемувал за три до четири килограми.

Тим од стручни лица, влучувајќи 12 хирурзи успешно го отстранил туморот со операција која траела пет часа.

– Туморот го отстранивме од левиот јајник. Вакви тумори се ретки. Во цел свет можеби се отстранети 10 до 20 тумори со оваа величина – истакна гинекологот и водечниот хирург на операцијата Ван Андикјан.

Докторите го отстраниле левиот јајник, јајцеводот и перитонеалното ткиво. Бидејќи станувало збор за беиген тумор, тој не се ширел понатаму, но имало бројни компликации.

– Пациентката не можела да јаде, да оди, дури можело да дојде до проблем и со венскиот систем – наведува доктор Линус Чанг.

Три месеци по операцијата пациентката заздравела и се вратила на својата работа како наставничка.

Докторите успеале да и ги спасат репродуктивните органи. Иако моментно таа не планира да има повеќе деца, сака да ја има можноста повторно да остане бремена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top