Пејачката Јелена Карлеуша беше оперирана и ѝ бил изваден бениген тумор од стомакот во петокот во една клиника во Белград.
Дека не се работи за рутински зафат зборува и фактот дека сите настапи до јуни ѝ се откажани. Карлеуша се уште не излегла во јавноста со соопштение, но се знае дека туморот бил отстранет со операција слична на царски рез.
– Нема што да кријам, ниту гледам причина, ниту е срамота. Не е тоа нешто што други жени немаат. Проблем со, на пример, репродуктивните органи. Секоја жена има такви проблеми. Мала интервенција и на нозе ќе бидам за 2-3 дена. А и зошто би криела, кога моето молчење ќе се искористи за некои полувистини, невистини и будалаштини, изјави претходно пејачка.
Поддршка ѝ пружи Марија Шерифовиќ со трогателна порака на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.