| четврток, 6 декември 2018 |

На ГАК отстранет тумор од 16 кг (експлицитни фотографии)

trudnica bremena zena bolnica ginekologija smrtТумот од 16 килограми бил изваден од абдоменот на 37-годишна тетовка, која се јавила на гинеколошки преглед во ординација во Тетово откако забележала дека во последните 7-8 месеци стомакот постојано ѝ расте, објави ГАК на својата страница на Фејсбук.

„Пациентка на 37-годишна возраст, мајка на три деца, со нередовни гинеколошки контроли се јавила на гинеколошки преглед во ординација во Тeтово откако забележала раст на стомакот во последните 7-8 месеци. Откако ѝ биле направени потребните испутувања, жената била испратена на ГАК во Скопје. Таа е оперирана и закрепнува“, пишува во споделениот текст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top