| четврток, 6 декември 2018 |

Да се вртеше Земјата двапати побрзо, Македонија ќе имаше море, но ќе немаше живот (ВИДЕО)

Земјата постојано се врти, но ние не го забележуваме тоа. Сте се плашале ли некогаш што ќе се случи ако почне Земјата да се врти двапати побрзо.

На страницата на What if на Фејсбук објавено е видео кое тврди дека тоа доста би влијаело на нашите животи. Би морале да се прилагодиме на поинаква должина на денот и ноќта, временските услови би биле хаотични, а некои држави би исчезнале.

На екваторот Земјата се врти со брзина од околу 1600 км на час, па човекот кој стои на екваторот дневно пешачи околу 40,234 км. Ако Земјата се врти двапати побрзо, истиот пат би се поминувал само за половина ден.

Добрата вест е дека луѓето во тој случај би биле многу полесни. Центрифугалната сила која ја создава ротацијата на Земјата лесно би ги истресла луѓето од планетата ако ја нема гравитацијата што не држи цврсто на тлото. Кога би се вртела Земјата побрзо, центрифугалната би растела, а гравитацијата би била послаба, па и ние би биле многу полесни.

Но, нема се да биде толку добро. На пример, никогаш повеќе нема да можете да ги гледате омилените серии. Повеќето сателити за комуникации и емитирање ТВ-сигнал синхронизирани се со ротацијата на Земјата, па дури и најмало забрзување би предизвикало едноставно да одлетаат од орбитата.

Од друга страна, можеби ќе немате време за гледање телевизија, зашто ќе мора да се прилагодите на покус ден и покуси ноќи. Тоа значи дека ќе морате да го прилагодите спиењето на 4 часа наместо на 8, но ќе мора и да го намалите бројот на оброци.

Годината нема да има 365 дена, туку дури 730.

За некои животни би било речиси невозможно да се прилагодат на новиот биолошки часовник. Животните кои ловат ноќе би изумреле, зашто би имале двојно помалку време за лов.

Вртењето на Земјата би влијаело на климатските промени. Екстремните временски прилики би биле двојно поекстремни. Колку побрзо се врти Земјата, толку побрзо би се вртеле и ветровите, па ураганите би биле двојно побрзи.

Проблем ќе почнат да ни создаваат и океаните. Ако Земјата се врти со 3200 км на час, центрифугалната сила би ја повлекла сета вода од северната и јужната хемисфера кон екваторот. Еквадор, Колумбија, Венецуела, Бразил, Кенија, Индонезија, Сингапур и Австралија делумно или целосно би биле потопени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top