Дваесет и пет пожарникари со 10 пожарникарски возила со часови цела ноќ и рано утрово се бореа со огнот во скопско Ржаничино, откако се запали фарма. Пожарот избувнал вчераноќ околу 23 часот.
Противпожарната единица добила повик од 192 дека има пожар на фарма и веднаш се упатила на терен. Првиот човек на противпожарната единица, командантот Звонко Томески во изјава за МКД.мк вели дека пожарот е локализиран, но поради присуство на горлив материјал на терен сѐ уште има пожарникари.
Интервенцијата на пожарникарите траела цела ноќ, а продолжила и утрово. Според првичните информации огнот избувнал во два објекти полни со сточна храна кои биле физички одвоени.
– Се работи за пожар на фарма во два објекти кои се физички одвоени, а почнале да горат во исто време. На терен интервенираа 25 пожарникари и 10 возила. Интервенцијата траеше со часови и имаме екипи на терен поради опасност од нов пожар бидејќи на местото има горлив материјал – изјавил командантот Томевски за МКД.мк.
фото и видео: МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


