| четврток, 6 декември 2018 |

Хајдарпашиќ до Поповски: Дали ги сметате новинарите за глупави?! За каква слобода вие зборувате?! (видео)

Новинарот на ТВ 24, Един Хајдарпашиќ, се спротистави на начинот на кој беше планирано да се одбележи 3 Мај, светскиот ден за слобода на медиуми во ЕУ Инфоцентарот.

Тој револтирано ги запраша министерот Роберт Поповски и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, дали ги сметаат новинарите за глупави, па сега тука ќе зборуваат за подобрување во медиумската сфера, а реално новинарите се исплашени, имаат мали плати или воопшто не земаат. Новинарите се исплашени, не земаат плата, или земаат 300 евра плата, а вие ќе ми зборувате за слобода на печат, рече Хајдарпашиќ, пренесува ТВ21.

Што направи ти за толку години на чело на ЗНМ, го праша тој Селмани.

Вие сте лицемерни, им се обрати Хајдарпашиќ:

Инаку во ЕУ Инфоцентарот беа собрани околу триесетина новинари кои требаше да им поставуваат прашања на Селмани и Поповски, како и уште на двајца присутни гости.

Видеото е преземено од ТВ 21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top