Натпреварот меѓу Рома и Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите заврши, но прашината никако да стивне. Иако фудбалската јавност со право зборува за наклонетоста на судиите кон Реал, изгледа многу брзо ќе почне во истиот кош да го сместува и Ливерпул. По понишувањето на голот на Сане за 2-0 во реваншот во четвртфиналето против Сити, вечерва Ливерпул имаше среќа во Рим.
Александер-Арнолд играше со рака по ударот на Ел Шарави на резултат 2:2 и по која не само што Рома требаше да добие пенал, туку фудбалерот на Ливерпул можеше да добие и црвен картон.
#RomaLiverpool anche questo non è rigore in @ChampionsLeague… pic.twitter.com/zJ2aBRPd7s
— Zeljko Pantelic (@Zeljko73) May 2, 2018
На истиот резултат во 49. минута Един Џеко излезе сам пред Лорис Кариус, кој го собори во шеснаесетникот. Иако требаше да се досуди пенал и црвен картон за гоманот на Ливерпул, судијата Дамир Скомина и неговиот прв помошник Јуре Прапротник покажаа офсајд. Офсајд немаше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)