Најпопуларниот вампир во светот, Роберт Патинсон, е во врска со внуката на Елвис Присли, поточно ќерката на Лиса Мари Присли, Рајли Коу.
Тој бил забележан во нејзино друштво во својот дом во Лос Анџелес овој викенд.
Рајли, која претходно беше свршена за актерот Алекс Петифер, работела со Кристен Стјуарт на сетот на филмот „The Runaways” во 2010 година.
Неодамна близок пријател на Патинсон откри дека тој се обидува да ја заборави Кристен, неговата поранешната девојка и партнерка во „Самрак“, пишувајќи песни. Изворот сепак негираше дека актерот има намера да ги направи јавно достапни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.