Приватниот авион што некогаш му припаѓал на кралот на рокенролот, Елвис Присли, за 430.000 долари вчера е продаден на аукција, откако повеќе од 35 години „чмаеше“ на аеродромот во Розвел.
Авионот е продаден, соопшти аукциската куќа задолжена за продажбата на авионот „GWS“.
Купувачот не е познат, а аукционарката Бриџит Крузе изјави дека не може веднаш да ги објави информациите за купувачот, како ни неговите планови, наведуваат американските меидуми.
Аукциската куќа сооошти дека ентериерот го краси златна дрвенарија, седишта од црвен сомот и дебел, црвен тепих. Авионот веќе 35 години стои на пистата во Розвел, Њу Мексико, и ќе биде потребна реставрација на кокпитот и моторите, што веќе ги нема.
Цената не ги достигна првичните очекувања дека авионот ќе биде продаден за сума меѓу три и четири милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.