Линда Томсон била во врска со кралот на рокенролот, Елвис Присли, четири години. Деталите за нивната врска ги изнела во својата биографија„Како го сакав Елвис Присли, Брус Џенер и песните“.
-Се сеќавам на неговата соба во која имаше големо огледало, па кога водевме љубов, ги гледавме нашите тела – напишала во книгата.Открила дека Елвис тогаш веќе бил многу зависен од дрога.
Актерката ја довршува автобиографијата во која се сеќава на деталите од врската со кралот на рокенролот. Линда Томсон(66) била 15 години помлада од Елвис.
-Денеска зборуваат дека се подвргнал на многу естетски операции, но знам дека само ги подигна капаците на очите – вели Томсон, која тогаш пишувала песни.
Линда го запознала Елвис во Мемфис 1972 година. Тогаш била девица, но Елвис ја чекал додека не била подготвена за конзумирање на врската.
Со Елвис прекинала една година пред да почине, а 1980 година ја почнала врската со олимпиецот Брус Џенер, со кој се венчала на Хаваите 1981 година. Со Брус , сега Кејтлин, има два сина, Бреднон(35) и Броди(33).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.