| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачка снимка: Дете стоеше на работ на прозорецот на седмиот кат

Вознемирувачка снимка излезе на социјалните мрежи како мало дете излегува на прозорец и стои на окапникот на седмиот кат од една зграда во Гојанија, Бразил.

Детето во еден момент ја турнало ролетната и останало на прозорецот, како да не било свесно за опасноста во која се наоѓа.

Локалните медиуми јавија дека сопственикот на зградата дошол до станот на седмиот кат кога видел како детето стои на работ на смртта.

На крајот детето сепак успеало да се врати во станот неповредено. Не е јасно дали родителите на детето биле во станот додека се одигрувала оваа драма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top