| четврток, 6 декември 2018 |

24 години подоцна – Денот кога Сена го натера целиот свет да плаче (видео)

На денешен ден пред 24 години легендарниот Формула 1 возач, Аиртон Сена, го загуби својот живот на трката за големата награда на Сан Марино.

Бразилецот кој беше еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, почина на 34-годишна возраст откако ја загуби контролата над својот болид при брзина од над 300км/ч и удри директно во ѕид на патеката „Енцо и Дино Ферари“.

Легендарниот Сена во својата богата кариера извојува 41 победа во Формула 1 и уште 39 пати се искачи на победничкиот подиум, освои три шампионски титули и остана како „крал“ на квалификациите и најдобар возач во историјата по врнежливи услови. Тој владееше низ улиците во Монте Карло, а од своето деби во 1984 година беше член на Толеман, Лотус, Мекларен и Вилијамс.

Едно е сигурно, без Аиртон Сена, Формула 1 натпреварувањето не е исто, бидејќи во тоа време тој беше најомилеиниот возач и имаше голем број на верни фанови кои го пратеа на сите трки. И сега по 22 години многу се размислува за тоа „што би се случило“ доколку Сена останеше на Ф1 патеките, но едно е сигурно Бразилецот беше уникатен, по стилот на возење се разликуваше од останатите, некои не го сакаа, но сепак тој е еден од легендите на ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top