| четврток, 6 декември 2018 |

Капитенот на младинците на Англија по грешка пуштен од затвор

Поранешниот капитен на младинската селекција на Англија до 17 години, Кортни Мепен Волтер, по грешка беше пуштен од затвор порано од предвиденото, па ќе мора да се врати и да ја отслужи казната докрај. Кортни беше виновен за смртта на две лица во сообраќајна несреќа, а првично беше казнет на 16 месеци. Потоа казната беше преполовена, а требаше да биде пуштен од затвор на 1 октомври.

Мепен Волтер е играч на Манчестер сити, пристигна во клубот како 10-годишно момче, а има договор со популарните „граѓани“ до ова лето. Од Сити изјавија дека нема да го продолжуваат договорот со него и дека Кортни е слободен играч.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top