СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Д. (22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Откако пријавениот извршил упад во „account“ на „Content.ad“, маркетинг стратегија за рекламирање на содржини и дистибуција на истите преку платен канал и направил промена на информациите за начинот на исплата на паричните средства, ја заменил постоечката девизна сметка сопственост на В.И. со својата девизна сметка, а воедно извршил и промена на адресата и лозинката, со што се стекнал со имотна корист од 11.254 долари на штета на В.И.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.