Администрацијата на САД ги информирала изборните комисии во 21 американска сојузна држава дека нивните компјутерски системи биле цел на хакерски напади во пресрет на ланските претседателски и конгресни избори во земјата.
Ваквото соопштение доаѓа речиси една година откако Министерство за внатрешна безбедност во претходната американска Администрација, излезе со тврдење дека системите на повеќе сојузни држави биле цел на хакери, кои „евентално би можеле да бидат поврзани со Русија”.
На листата на држави чии системи биле изложени на хакерски напади се Ајова, Алабама, Алјаска, Аризона, Делавер, Вашингтон, Висконскин, Илиноис, Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Мериленд, Минесота, Оклахома, Орегон, Охајо, Пенсилванија, Северна Дакота, Тексас и Флорида,
Сепак, тоа што тие биле цел на хакерски напади, не значи дека дошло до манипулирање со чувствителните изборни податоци или до промена на резулатите од изборите, се наведува во информацијата на американските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.