Во текот на утрешниот саботен ден атмосферата над Балканскиот Полуостров ќе биде значително понестабилна па така во текот на попладневните часови растат условите за локален интензивен развој на олујни системи проследени со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Ваквите услови најголеми се во соседна Србија, северот на соседна Албанија, Црна Гора како и истокот и југоистокот на Босна и Херцеговина.
Во ваква ситуација можни се и поинтензивни електрични празнења.
На граѓаните ширум Балканот им препорачуваме во случај на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
И во Македонија утре (сабота) во текот на попладнето ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град и електрични празнења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.