| четврток, 6 декември 2018 |

Со хуманитарна забава и Pasta party маратонците официјално ќе ги завршат своите подготовки за Скопски маратон

Подготовките за најголемото маратонско случување во регионот се кон самиот крај. На 6-ти мај во 08.30 часот на скопските улици ќе стартува рекорден број од тркачи. Еден ден претходно (сабота, 5-ти мај) Виз Ер Скопски маратон во соработка со Амбасада на Република Италија и Парк Хотел и Спа како поддржувачи на „Проект Среќа“ ќе организираат хуманитарна Pasta party од 18.00 до 21.00, во склоп на акцијата „Здраво шампиони“.

Целиот износ од собраните средства кои ќе се обезбедат од продадените ваучери на Pasta party, ќе се наменат за деца кои живеат во социјален ризик, а за нив ќе се обезбеди бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови. На оваа акција се придружи и Агенцијата за млади и спорт.

На Pasta Pаrty во Парк Хотел и Спа се поканети сите учесници на Виз Ер Скопски маратон, кои ќе можат да купат ваучер во висина од 100 денари на Маратон Експо кое ќе се одржи на 4-ти и 5-ти мај, кога и ќе се подигнуваат стартните пакети.

Воедно, денес, 27 април 2018, заврши пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон и организаторите истакнуваат особена благодарност за огромниот број на пријавени кои го надминаа рекордот. Годинава низ скопските улици ќе трчаат околу 10 000 натпреварувачи од 58 земји во сите предвидени категории.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top