– Свесни сме дека постои конкретна и непосредна опасност за државјаните на западните земји во Бенгази и бараме од британските државјани кои се таму итно да заминат, се наведува во соопштението на австралискиот Форин офис. Во соопштението не се наведува од каде доаѓа заканата.
Претходно, вакво предупредување испратија и владите на Велика Британија, Германија, Холандија и Канада. Германското министерство за надворешни работи исто така на својот сајт ги повика своите државјани итно да го напуштат тој регион.
– Според информациите со кои располага федералната влада, постои непосреден и конкретен ризик за граѓаните од западните земји во Бенгази, се наведува во соопштението на германското министерство.
Портпаролот на холандското министерство за надворешени работи им порача на сонародниците да не патуваат кон и низ Бенгази, а канадските власти ги предупредија своите граѓани на специфична и непосредна опасност во овој либиски град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


