| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Улични банди напаѓаат во Скопје

Вчера во 04,30 часот вработен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ пријавил дека за укажување лeкарска помош бил донесен Б.Б.(25), кој на улица „Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица и му биле одземени пари и мобилен телефон.

Синоќа во 20,30 часот А.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 18,00 часот додека се движел од булевар „Партизански Одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му е извршено разбојништво. Сторителите со закана со нож, му побарале пари, а од кога им одговорил дека нема, му го одзеле часовникот кој вредел околу 15.000 денари и го напуштиле местото на настанот.

Вчера вечер скопјанецот З.С.(44) пријавил дека претходниот ден околу 20,30 часот на ул “Лука Геров“ од страна на неколку непознати лица било извршено разбојништво над неговата 17 годишна ќерка. Додека малолетничката се движела кон автобуската постојка била престретната од лицата, а едно од нив извадило нож и со закана и го одзел мобилен телефон и избегале. Се превзамаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: news24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top