Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се појавија во Собранието на Република Македонија на седницата за пратенички прашања. Седницата започна со чочек, кој ечеше од телефоните на пратениците од опозицијата како потсетувањето на циркузот од пред два дена, со кој беше пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица.
-Доста славите, доста 10 дена славите со чочеци во тунел и со коктели. Ќе одговарале министрите денес пред опозицијата, сè само правите да ги оттргнете граѓаните од реалните проблеми. Каде се високите плати на лекарите, ги зголемивте акцизите. И Могерини ви кажа дека треба само пола ден да славите и време е да почнете да работите, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ги опомена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги исклучат мобилните.
-Забавата вие ја почнавте тука со пуштање музика од телефон, Собранието не е место каде што се прават такви работи, му одговори Џафери на Данев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)