| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатски скандал: Американците упаднале во рускиот конзулат во Сиетл (ВИДЕО)

Претставници на американските власти упаднале синоќа во резиденцијата на генералниот руски конзулат во Сиетл кој што е напуштен по барање на Вашингтон, открива извор од руската амбасада во САД.

Според неговите зборови, американските власти ја искршиле вратата и упаднале во просториите на конзулатот кој што е во сопственост на Руската Федерација.

„Сведоци сме на тоа како американската страна, прекршувајќи ги сите дипломатски и конзуларни конвенции, како и сопствениот закон за заштита на приватниот имот, се обидува да влезе на наша територија, а доказ за тоа е кршењето на бравата на влезната порта“, изјави Николај Пукалов, шеф на конзуларното одделение при руската амбасада во САД.

Пукалов открил дека руските дипломати еден ден претходно ги изнеле сите документи и целата опрема од зградата, откако претходно американските власти им наложија да го испразнат конзулатот до вторникот навечер.

После овој скандал се огласи и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова која што порача дека станува збор за обично провалување во објект на Руската Федерација.

„Побрзајте да видите – американските власти започнаа со опсада на комплексот на рускиот конзулат во Сиетл. Навистина ретка глетка – државно провалување“, изјави Марија Захарова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top