Должност е на секој што се занимава со музика да изедува песни од Тоше, за никогаш да не се заборави, изјави Иван Босиљчиќ во гостувањето во Еден на Еден.
Српскиот актер и пејач, кој на 27, 28 и 29 април ќе настапува во Македонија, во Еден на Еден зборуваше за неговата акриера, настапите, филмовите, приватниот живот.
– Никој маж не ја пушта девојката сама на концерт кај мене – се смее тој, додавајќи дека во неговите поетски вечери навистина ужива и машката публика.
Пред македонската публика Босиљчиќ ќе рецитира и на македонски, а во Еден на Еден изведе неколку стихови од Анте Поповски.
Неделната емисија, која веќе е достапна на „Јутјуб“, ја отвори неверојатната 91-годишна Добрила Чабриќ, една од првите актерки во МНТ која деновиве е една од фаворитите во шоуто „Никогаш не е доцна“.
-Ги сакам луѓето. Пред се се дружам со млади и затоа сум млада – вели таа.
За оние што ја пропуштија, погледнете ја Еден на Еден епизодата со Иван Босиљчиќ:
И во недела не чека уште една одлична Еден на Еден, а гостуваат контроверзниот писател Марко Видојковиќ и првиот НЛП-тренер на Балканот, Славица Скваер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)