| четврток, 6 декември 2018 |

Изградиме го автопато и спонтано се фанаме – искрена изјава на „играорка“ или лоша местенка (видео)

– Со колешките се фативме така спонтано и беше убаво – вака една од „играорките“ го објаснува чочекот во тунелот ДемирКапија – Смоквица. Таа се јави во контактната емисија „1 минута на 1ТВ“ и тврди дека како вработена во компанијата Актор, не гледа ништо спорно во веселбата, бидејќи само се радувале поради изградениот автопат.

-Се јавувам по повод вчерашната журка на автопатот. Ние од Актор вработените игравме и се веселевме оти изградивме автопат. Со колешките се фативме така спонтано и беше убаво. Се зачудив зошто се смеат луѓето, еве сме се фанале, четири колешки игравме, убаво си поминавме, ние го градевме автопатот – изјави личноста која се претстави дека наводно е една од играорките.

Таа додава дека малку се расположиле, не правеле свадба.

-Се дружевме, се веселевме, патот не беше уште пуштен за автомобили, што има тука лошо – раскажа гледачката во програма.

Но, корисниците на социјалните мрежи коментираат дека дијалектот на кој зборува гледачката која се јавила е само лошо глумење на источномакедонск акцент.

-Толку лошо глумење на источномакедонски акцент немам никогаш чуено… Женава треба да одлучи дали е од Скопје, од Берово, од Неготино, Кавадарци или Струмица, под итно, за доброто на нацијата – коментира корисник на спцијалните мрежи.

И под самото видео на јутјуб има коментари дека најверојатно не се работи за личност вработена во Актор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top