
Узунов истакна дека треба да се објасни која е основната причина за воведување на оваа промена во оданочувањето. Тој кажа дека рамниот данок има свои предности како ефикасност на наплата, пораст на вработеноста, пораст на плати, но дека исто така има негативно како социјално раслојување.
На ова реагираше Трајко Славески дека изнесените тези од страна на Узунов за рамниот данок не се точни. Тој вели дека рамниот данок донесе намалување на невработеноста и дека тоа го има во Извештајот на Европската комисија дека просечно од периодот кога невработеноста беше скоро 40 % се намалувала просечно од 2006 до 2016 за 2, 8 % годишно. Стапката на сиромаштија се намалила.
Славески истакна дека земја со 38 % невработеност, како во 2006 година кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, се смета за земја-инвалид. На прашање на Узунов кои земји во светот имаат рамен данок Славески истакна дека имaат земјите кои произлегоа од системи и стопанства кои колабирале и мораа да воведат рамен данок заради предностите што ги нуди оваа мерка.
Узунов пак ја спореди македонската економија со економиите на Англија,Шпанија, Франција како пример за развиени земји кои немаат рамен данок и заради тоа што се развиени воведуваат прогресивен данок.
-Македонската економија не е веќе колабирана и не треба да се враќа назад, рече Узунов.
На ова Славески истакна дека Македонија треба да направи добра анализа за тоа дали сега е моментот за воведување на мерката прогресивен данок бидејќи смета дека сѐ уште корисноста на рамниот данок не е исцрпена во македонската економија која по воведувањето доживеа инвестициски бум и намалување на невработеноста од огромни 38 % на 22,9 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)