Од првиот концерт организиран во, сега далечната, 1993 година, па се до денес, сведоци сме на исклучителни музички настани кои благодарение на нивната желба и љубов кон музиката и убавото можевме да ги видиме на нашата сцена „Авалон“ изминативе 25 години на македонските сцени (Арената Филип Втори, Скопско кале, „Борис Трајковски“, „Метрополис арена“, Универзална сала, стадионот Билјанини извори) донесе значајни музички имиња за кои копнееше публиката. Меѓу нив се: Лени Кравиц, Боб Дилан, Стинг, Ваја кон диос, Карлос Сантана, Феитлес, Ванеса Меј, „Дуран Дуран’, „Симпл мајндс“, Ал ди Меола, „Џипси кинг“, Џамиракваи, Били Ајдол, Џо Кокер, Симпли ред, Пет шоп бојс…
-Почитувани пријатели, Задоволство ми е да ви најавам дека мојата работа со букирање за 2018 година заврши. Како што ветивме, ова ќе биде не само историска година за Авалон која слави 25 години од своето постоење, туку и историска година за Македонија! Сега веќе е сигурно дека после објавените концерти на Тото, Каролина Гочева, Димитри Вегас, Армин Ван Бурен…, во наредниве два месеца следуваат уште многу објави со неверојатни имиња од сите области на музиката, со кои до крај ќе се стигне до неверојатна цифра- 25! 25 години Авалон Продукција- 25 евенти!-напиша Бобан Милошески на официјалната „Фејсбук“страна на продукцијата, а денеска пред новинарите го потврди истото заедно со своите колеги, соработници и клиенти.
Уште еднаш подвлекоа дека ова е исклучително значајна година за нивната компанија која е најзаслужна за концертниот живот во Македонија и дека до крајот на годината не очекуваат уште неколку музички изненадувања со имиња кои гарантираат прекрасни музички патувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.