| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен мотивот за масакрот во Торонто: Напаѓачот убил 10 лица, па од полицијата барал страшна работа (Видео)

Инспекторите кои се занимаваат со нападот со комбе во канадскиот град Торонто, каде вчера биле убиени 10 луѓе, го разгледуваат тероризмот како веројатен мотив на напаѓачот, јавува “Reuters” повикувајќи се неименуван извор од безбедносните служби на Канада.

Изворот на агенцијата наведува дека не постои причина за верување дека станува збор за случаен инцидент со влетување со изнајмено комбе од компанијата “Ryder” во масата луѓе.

Според снимките кои се појавиле во канадските медиуми, возачот на комбето при апсењето тврдел дека има пиштол и барал од полицајците да го убијат.

Најмалку 10 лица загинале, додека 15 биле повредени кога напаѓачот со комбето се качил на тротоарот и газел пешаци во северното предградие на Торонто, јавува “AP” повикувајќи се на заменик шефот на полицијата во Торонто, Питер Јуен.

Канадската полиција го пронашла и уапсила возачот, но Јуен не можел да каже кој би можел да биде мотивот на напаѓачот. Неименуван очевидец претходно за “Reuters” рекол дека видел најмалку две тела на местото на инцидентот.

Се наведува и дека локалната болница “Саинбрук” преку Твитер соопштила дека примила најмалку седум повредени. “Reuters” наведува дека и натаму не се знае дали влетувањето во луѓето е изведено намерно или станува збор за невнимателност на возачот.

“AP” пренел изјава на еден од полицајците на местото на инцидентот, кој се случил во попладневните часови по локално време, дека уште не се знае зошто комбето удрило во пешаците.

Весникот од Торонто, “Globe and Mail” пренел дека возачот по влетувањето во луѓето побегнал од местото на инцидентот и дека засега не е позната сериозноста на повредите на повредените.

Полицијата објавила дека белото комбе удирало во пешаците на раскрсницата на улиците “Јонги” и “Авенија Финч”, а на телевизиските снимки е прикажано укажувањето на помош на повредените кои лежат на тротоарот.

Полицијата ја затворила таа раскрсница, а блокирана била и метро линијата која минува низ тоа подрачје.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top