| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за транспорт тврди дека не викнало трубачи на автопатот Демир Капија-Смоквица

Министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение се оградува од секаква активност и вклученост поврзана со информациите дека вчера за време на свеченото отворање на автопатот Демир Капија-Смоквица била организирана музичка забава.

– Сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава – се наведува во краткото соопштение.

Вчера на социјалните мрежи и во дел од порталите се појави видео на кое може да се види дека плех-музика влезе во еден од тунелите и заедно со дел од присутните со чочек го минуваа тунелот.

Автопатот Демир Капија-Смоквица кој се градеше 6 години вчера беше пуштен со свеченост на која присуствуваа многубројни гости и претсавници на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top