Ефикасен понеделник за македонските фудбалски интернационалци. Горан Пандев и Енис Барди беа стрелци за победа на Џенова и на Леванте (3:1) во завршните мечеви во Серија А и Примера.
Пандев го почна мечот од клупата. Влезе во игра во 81 минута и десетина минути подоцна успеа да се впише во листата на стрелци и тоа со ремек дело реализација. По асистенција на Данко Лазовиќ Пандев го лобуваше Николас за конечни 3:1 и значајни три бода на џеновјаните во борбата за опстанок.
Енис Барди, пак, беше централна фигура во гостинскиот триумф на Леванте против Атлетик Билбао со 3:1. Македонскиот репрезентативец постигна два гола на „Сан Мамеш“ во меч во кој тимот од предградието на Валенсија направи голем исчекор за зачувување на статусот во Примера и за наредната натпреварувачка сезона. Првиот го прослави во 42 минута, а 120 секунди подоцна и вториот со што го трасираше патот до осма победа на неговата екипа во тековното издание на шпанскиот фудбалски шампионат. Барди се најде во почетнкиот состав на Пако Лопез и одигра 71 минута во Баскија.
Македонскиот Меси е роден: Два гола за две минути – тоа го може само Барди (ВИДЕО)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)