Алтернативниот панк-рок состав „Д Хаундс“ (The Hounds) изработија видеозапис за песната „Заминувам од овде“. Текстот е на Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов.
За креативниот видеозапис за оваа нумера се погрижија момците Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија „Tone Bandits“.
Видеозаписот е снимен на повеќе градски локации, а протагонистка во оваа приказна е Ева Антулеска.
– Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018 година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада – изјави фронтменот на бендот Златко Карчески.
Бендот „The Hounds“ постои од 2008-та година, кога момците едноставно одлучија дека сакаат повеќе да се посветат на својата авторска музика, отколку на каверите. Оттогаш, покрај многуте клупски и фестивалски настапи низ целата земја, тие посветено работат на квалитетен авторски материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)