| четврток, 6 декември 2018 |

Мајк Тајсон: Обожавам да го гледам Ѓоковиќ (Видео)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон почна редовно да следи тенис откако ќерка му почна да се занимава со овој спорт. Тој има и омилен тенисер, а тоа не е ни Роџер Федерер, ни Рафаел Надал.

„Морам да признаам дека омилен тенисер ми е Новак Ѓоковиќ. Обожавам да го гледам како игра кога е потполно здрав. И сега во Монте Карло играше добро, сѐ подобар е и драго ми е што закрепна од операцијата на лактот“, рече Тајсон за швајцарски „Блик“.

Кој е според Тајсон најдобар тенисер во историјата на спортот?

„Роџер Федерер, тука нема двоумење. Тој е најголем. Особено поради начинот на кој игра во овие години.“

Тајсон откри дека почнал да гледа тенис поради ќерката.

„Да бидам искрен, ако ќерка ми не играше тенис немаше да имам слушнато за ниту еден од нив двајцата. Ама откако таа зеде рекет во рака научив многу за тенисот и обожавам да гледам тенис.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top