| четврток, 6 декември 2018 |

Најконтроверзниот и најпровокативниот музичар на Балканот, Азис викендов настапи премиерно во Македонија

Најконтроверзниот и најпровокативниот музичар на Балканот, Азис викендов премиерно одржа концерт во Македонија. Најголемата естрадна атракција на големиот спектакуларен концерт кој се одржа на 21 април ВИП Арена Борис Трајковски, ја воодушеви публиката со сценскиот настап, светлосни ефекти, а публиката вели дека тоа беше настан кој едноставно не се пропушта.

Азис е бугарски манекен и пеjач на поп-фолк музика. Роден е во 1978 година од ромски родители. Кариерата ја почнал во 1999 година и за десет години  стана едан од најпопуларните пејачи во Бугарија. Популарен е и во други балкански земји, не толку поради пеењето, колку поради контроверзите во врска со неговата сексуална определба и полот.

Азис ја претставувапе Бугарија на Евросонг во 2006 година, како пратечки вокал на Маријана Попова, а потоа снимаше дуети со српските пејачки, но и со бројни пејачи од Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top