| четврток, 6 декември 2018 |

„Тивери корпорејшн“ ветуваат одлична забава!

-Се радуваме на нашето повторно доаѓање во Скопје, иако првиот пат нашиот настап беше оневозможен поради лошото време, се чувствуваме должни пред македонската публика да дојдеме повторно во Скопје. Затоа, ги повикуваме сите на 20-ти јуни, на одлична забава!- порачуваат од „Тивери корпорејшн“ ( THIEVERY CORPORATION) во пресрет на нивниот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на стадионот на АРМ, како специјално отворање на фестивалот „Скопје колинг“ (SKOPJE CALLING 2017).

„Тивери корпорејшн“ како музички колектив носи полно концертно искуство од разни светски музичари кои ја обединуваат светската традиција на уникатен и современ начин. Меѓу 20-те музичари на сцена, на бас свири харизматичниот Ashish Vyas, на гитара и ситар свири виртуозниот Rob Myers, додека на перкусии, пак, Frank Orall и Jeffrey Franca. Звучниот инженеринг, програмирање, ритмичките и хармонските делници во живо ги носи продуцентот на бендот и водечкиот авторски двоец Eric Hilton и Rob Garza.

Авалон Продукција ангажира македонски бендови за секој концерт на странски артисти, па така, овој пат тоа се KHARA.

-Ние како бенд сме горди што можеме да направиме чекор напред во нашата кариера, да бидеме предгрупа на еден од најважните бендови во светската музичка сцена, Thievery Corporation. Очекуваме огромен број на посетители и одлична атмосфера, еден феноменален настап на светски бенд и сензација која не толку често може да се доживее. KHARA ќе дадат 110% од своите можности за да придонесат кон целиот настан и да ги исполнат вашите очекувања. Се гледаме на 20-ти јуни!- велат момците од бендот KHARA.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top