| четврток, 6 декември 2018 |

Азис како Лени Кравиц (Фото)

azis plavБугарскиот пејач Азис пред два месеци тајно заминал во Турција. Причините според бугарскиот жолт печат, биле проблеми со косата. Тој, според нив, со години се обидувал да го замаскира проблемот со посета на дерматолози и фризери, но „хемијата“ го упропастила Азис. Затоа тој сега платил 6.000 евра за да си пресади кадрички, пишуваат бугарските новинари.

azisНо, Азис преку Фејсбук им порача: Тоа е лага!

„Косата е моја!Наследена ми е од татко ми, кој, да е жив и здрав, има уникатна кадрава и бујна коса до ден денешен. Кадричките не ми се пресадени, тие се природни и негувани од најдобриот фризер во Европа. Обидите за сензација изгледаат уште поглупи и беспомошни“, напиша Азис на Фејсбук.

Коментарите сега се дека Азис од Барбика, сега стилот го менува во- Лени Кравиц!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top