| четврток, 6 декември 2018 |

Руски специјалци фатија терористи полуголи, планирале да изведат напади за време на Светското првенство? (Видео +18)

Неколкумина терористи беа само во долна облека кога во нивниот дом упаднал полицискиот тим составен од силите на Министерството за внатрешни работи на Русија и агентите на ФСБ.

Руските тајни служби приведоа неколкумина мажи за кои што постои сомнение дека се терористи. Тоа се случило во два руски градови каде што наскоро ќе се играат натпреварите од Светското првенство во фудбал.

Во Санкт Петербург, во близина на местото каде што ќе бидат сместени репрезентациите, полициската снимка ја прикажува драматичната рација над седум мажи кои што биле осомничени дека се во контакт со други терористички организации. Како што може да се види на видеото, повеќето од нив беа само во долна облека, а еден за малку ќе заплачеше како дете пред специјалците.

Покрај тоа, во друга рација во Ростов на Дон, три лица биле приведени во голема акција на руските разузнавачки служби.

Руските разузнавачки служби утврдиле дека групите се подготвуваат за изведување на терористички напади за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал ова лето.

При акцијата, еден терорист кој бил лидер на ќелијата, активирал експлозив и се разнел самиот себеси, додека сите останати биле фатени. Според агентите на ФСБ, терористите кои што имале потекло и од земјите од централна Азија, следеле упатства на Исламската држава.

Кај нив било пронајдено оружје и експлозивни направи, како и пропагандни материјали на Исламската држава и уреди за комуникација.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top