| четврток, 6 декември 2018 |

Два гола во последните 30 секунди: Македонската гордост Вардар го победи Кил во Германија (видео)

Европскиот шампион Вардар со 29-28 славеше над Кил на гостувањето во Германија во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Со оваа победа, Вардар си ги отвори вратите за пласман на Ф4 во Келн, каде ќе се обиде да го одбрани европскиот трон.

Во еден возбудлив и неизвесен меч, Вардар во последните минути беше во постојана негатива од 1-2 гола. Во клучните мигови, Дибиров на само 25 секунди пред крајот даде гол за изедначување на 28-28, а потоа по една грешка на Германците во последниот напад кои напаѓаа за победа без голман, Хорхе Македа го постигна голот за победа.

Реваншот се игра за седум дена во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top