| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос и пукање во Ријад, кралот евакуиран (видео)

Недалеку од палатата на саудискиот крал Салман има пукање, а тамошните медиуми пренесуваат дека е во прашање обид за пуч. Инцидентот го предизвикал дрон.

Саудиските медиуми пренесуваат дека обезбедувањето на кралското семејство го срушило дронот кој се појавил во близина на палатата, во просторот каде постои забрана за летечки активности.

Наводно, кралот е евакуиран во бункер кој се наоѓа во околна воена база.

На социјалните мрежи се појавија коментари дека пукањето траело доста долго, односно дека „обезбедувањето не одговорило како што треба на нападот“.

Портпаролот на полицијата во Ријад, истакна дека дронот бил забележан во 19:50 часот по локално време и дека немал дозвола за летање.

Припадниците на безбедносните сили, како што додава тој, го решиле случајот врз основа на добиени налози и инструкции.

На социјалните мрежи се појави и видео снимка, на која се слуша пукање кое траело најмалку 30 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top