Грчките специјални полициски единици утринава упаднале во атинското метро и жестоко се пресметале со штрајкувачите што го блокираат метрото веќе осум дена, јави светските агенции.
Барикадите беа растурени, а најмалку 10 работници се притворени.
Операцијата беше преземена откако Владата објави граѓанска мобилизација за да ги запре протестите против планираните намалувања на платите.
Властите пред акцијата ги блокираа патиштата, кои водат кон метрото во западниот дел на грчката престолнина, за да спречат стотици поддржувачи на штрајкувачите да стигнат до таму.
Тие што нема да се потчинат на наредбата и одбијат да се вратат на работа, ризикуваат да бидат отпуштени и уапсени.
За денеска работници на железницата и од автобускиот сообраќај најавија марш на солидарноста во Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



