Поради тоа, од овие здруженија на Египќаните размислуваат на локалните избори 2013 во Охрид, како втори по бројност, да излезат со своја независна листа за советници и Независен Кандидат за Градоначалник, а во градовите Кичево, Ресен и Струга со независни листи за советници, информира Претседателот на „Форца Египќани“, Петрит Хусеин.
Во Охрид, како носител на листата се споменува Петрит Хусеин. Во Кичево, листата ќе ја предводи Кадри Кундакчи, додека за Струга и Ресен, ќе се одлучи најдоцна во недела.
Во Охрид, како независен кандидат за Градоначалник, се спомнува името на Демир Далип.
Конечните одлуки се очекува да бидат донесени на седница на националното координативно тело на Египќаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


