| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од кавгата меѓу наставничката и возачот откако ги оставиле двајцата ученици кои доцнеле (Видео)

Канал 5 дојде дојде до екслузивна аудио снимка од расправијата меѓу наставничката и возачот на автобусот, околу тоа дали треба да ја продолжат екскурзијата без двајцата ученици кои доцнеле.
Се уште не се знае дали и кој ќе понесе одговорност за скандалот со екскурзијата на средношколците од Неготино. Двајца од нив не заминаа за Франција, бидејќи задоцниле за пат. Тројца инспектори од просветниот инспекторат денеска во неготинската гимназија го испитувале случајот. Министерството за образование со став дека во ниту еден случај директорот на училиштето и професорите не смееле да ги остават учениците и да заминат сами без нив. Канал 5 ексклузивно го доби снимениот разговор од присутен во автобусот, кој сакаше да остане анонимен. Во разговорот се слуша кавгата помеѓу професорка и вработен во агенцијата, која била причината за одлуката децата да останат во хотелот во Италија.

„Прв пат по четири дена ти се обраќам. Четири дена ви се обраќам, никој не станавте да ги смирите вашите деца. Нека ти служи на чест. Не дојдоа две деца, кој е одговорен сега. Кој одговорен? Мене не тишина не, сум ти ученик. Две од твоите деца сабајле каснеа и не дојдоа, нема што да чекам. Тони вчера пола саат. Ете твоите не дојдоа, е добро е те не ете ги. Се бунев ли, ете ги оставивме и готово. Не ме задевај ме прекипе веќе. И таму немаше и така место за тие деца, требаше да останат и сега што е проблемот сега. Реагирав дека во другите автобуси има место, не сме овци овде“.

Од Стопанската комора објаснуваат дека мора да се воведе ред со агенциите за да има поголема нивна одговорност. Не дозволиво е за она што е платено да не се изврши услугата.

Учениците во Италија чекале 15 часа да се вратат нивните другари и професори каде што целото училиште преноќиле во истиот хотел и наредниот ден се вратиле за Македонија. Од агенцијата објавија фотографии дека учениците извршиле голема нужда во апартманот, додека нивните родители велат дека тоа е лага.

Извор: Канал 5

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top