Најмалку 10 луѓе се убиени во терористичкиот напад на базата на НАТО во главниот град на Авганистан, Кабул.
Според шефот на полицијата, Мохамад Ајуб Саланги, напаѓачите детонирале автомобил- бомба пред портата на базата утрово, по што ги нападнале чуварите со огнено оружје.
Меѓу загинатите имало четворица напаѓачи, двајца цивили и четворица чувари. Засега нема повеќе информации за нападот.
Министерството за внатрешни пред неколку дена соопшти дека во последниот месец во терористички напади загинале повеќе од 300 цивили и полициски службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Ајфеловата кула во мрак поради жртвите во Кабул
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)


