Триесет и едногодишната Французинка Сара Гијар Гиљо трагично загина за време на циркуска претстава откако ѝ се скина јажето и падна од врвот на бината пред очите на полната сала.
– Прво многу помислија дека тоа е дел од шоуто, но потоа се слушнаа вресоци, а една девојка на сцената заплака – раскажува посетител за француски „Сан“.
Акробатката веднаш била префрлена во болница, но лекарите, и покрај обидите да ѝ го спасат животот, на крајот констатирале смрт.
Ова е прва несреќа со трагичен крај што се случил за време на изведување на претставата во 30-годишната историја на познатиот циркус „Сирк ду Солеи“.
– Скршено ни е срцето. Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството. Секоја вечер се потсетуваме со целосно почитување колку секој од нашите уметници е исклучителен. Нашиот фокус е сега давање поддршка на семејствата – соопшти основачот на циркусот Жи Лалиберт.
Сара Гијар имала 20-годишно циркуско искуство, а дел од оваа претстава била од 2006 година. Таа била мајка на две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


