Престојот во пловечки бунгалови бил најпосакуваниот избор на туристите кои минатата година ги посетиле Малдивите. Сепак, ова туристичко место ќе добие нова атракција.
Имено, до крајот на годинава на островот Рангали ќе биде отворена првата подводна вила во светот. Резиденцијата ќе се вика „Мурака“, што на локалниот јазик значи корал. Објектот е дизајниран целосно да се вклопи во подводни услови, овозможувајќи им на гостите да бидат дел од подводниот свет.
„Водени од целта да обезбедиме неповторливо искуство за туристите, со првата подводна резиденција ќе им овозможиме на гостите можност да ги истражуваат Малдивите од една сосема поинаква перспектива, под површината на морето“, изјави главниот архитект и дизајнер на „Мурака“, Ахмед Салим.
Зградата се состои од две нивоа, една над површината на морето и една под површината. Во подводното ниво има спална соба, дневна соба, бања, како и спирални скалила кои водат до просториите на повисокото ниво. Таму, пак, има двокреветни спални соби, бања, просторија за фитнес, заедничка дневна соба, кујна, бар, трпезарија и палуба од која може да се гледа атрактивното зајдисонце.
Инаку, вилата може да прими вкупно девет гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)