| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола ги собра сите, од чистач до директор и им одржа шампионски говор со кој ја воодушеви фудбалската јавност (Видео)

Пеп Гвардиола уште еднаш покажа дека не е обичен тренер, Шпанецот денеска ги собра сите, од чистач до директор и испрати моќна порака по повод шампионската титула на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ изминатиов викенд станаа шампиони на Англија откако Мачестер јунајтед неочекувано киксна на домашен терен против фенерџијата ВБА.

Па пред денешниот тренинг, Пеп Гвардиола ги собра сите, од чистач до директор, и испрати моќна порака.

„Не можевме да славиме заедно бидејќи сите бевме дома. Можеби ова е најлесниот говор, но во исто време и најтежок. Големи честитки бидеќи сме шампиони, најдобри во Англија!“ – порача Шпанецот.

„Сакам целиот персонал, сите луѓе кои сте тука да се чувствувате дел од овој успех. Секогаш се зборува за менаџерот и играчите, но без вас немаше да стигнеме до ова неверојатно постигнување“.

„Секако, тука сме дa им помогнеме на овие момци и знаете колку извонредни беа тие. Не се работи само за еден или два натпревари, туку за девет или десет месеци. Креиравте нешто уникатно во соблекувалната, тимски дух и пријателство. Не можете да го постигнете она што го постигнавте доколку не сте добри луѓе, или не се прифаќате еден со друг“.

„На крајот од денот, бевме подобри од 19 тима. Ништо повеќе. Но она што го правевте секој ден, како персоналот се грежеше за луѓето, за ова имате голема почит од мене. Она што се случи засекогаш ќе остане во моето срце. Она што го проживеав, што го почувствував оваа сезона, тоа е нешто неверојатно“.

24fudbal.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top