| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка си ги издрогирала шесте деца и заедно со нив се фрлила во океан (Видео)

Американците се згрозени од смртта на осумчленото семејство од Калифорнија.

Океанот го исфрли телото на 12 годишната Киери Харт , а уште пет тела на нејзините родители и браќа и сестри се најдени покрај брегот. Мајката Џенифер Харт на 39 годишна возраст заедно со своите шест посвоени деца и сопругата Сара Харт , со џип се урнала од висока карпа во океанот.

Истрагата покажа дека Џенифер била под дејство на алкохол , а во телата на децата и на нејзината сопруга имало висока концентрација на лек за алергија што предизвикува поспаност.

До сега полицијата ги откри телата на децата на возраст од 12 до 19 години , додека по телата на 16 годишната Хана и 15 годишниот Девонте , се трага. Според софтверот во џипот , несреќата била испланирана и со намера за самоубиство .

Неколку дена пред несреќата, имало пријава во центарот за социјални грижи за родителска немарност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top